Испрати по е-пошта

МЕПСО и ЕСО со заеднички аукции за алокација на капацитети

„МЕПСО и ЕСО, електропреносните систем-оператори на Република Македонија и на Република Бугарија склучија договор со кој ќе ја олеснат трговијата со електрична енергија така што ќе ги намалат трошоците за организација и за учество на аукциите и ќе ја зголемат ефикасноста и транспарентноста во процесот на доделување на капацитети за прекуграничен пренос на електрична енергија меѓу двете земји.

По тој повод, Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО и Иван Јотов, генералниот директор на ЕСО, вчера во Струмица, ги потпишаа „Правилата за алокација на прекугранични преносни капацитети на граница Македонија – Бугарија (МЕПСО-ЕСО) за 2018 година“. МЕПСО, преку најсовремен софтвер, ќе ги организира аукции за капацитети на годишно и месечно ниво, додека ЕСО ќе биде одговорен за спроведување на дневните аукции. “


Објавена на: 11/25/2017 8:58:00 AM