Испрати по е-пошта

МЕПСО го подобри снабдувањето со струја за регионите на Битола, Демир Хисар и Кичево



МЕПСО пред почетокот на грејната сезона изврши модернизација во две трансформаторските станици во пелагонискиот регион со тоа значајно ја зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија за претстојната грејна сезона во југозападниот регион на земјава.


Во целост е модернизирана трансформаторската станица „Сопотница“ (во близина на Демир Хисар), а извршена е модернизација и во трансформаторската станица „Битола 1“ во делот на поврзувањето со „Сопотница“. Во „Сопотница“ извршена е промена на високонапонска опрема што беше во функција триесет години. Таму е извршена замена на: прекинувачи, мерни трансфоматори и одводници на пренапон. Во модернизација на опрема на 110 киловолтно напонско ниво во двете трансформаторски станици МЕПСО вложи 220.000 евра. 



Во рамки на активностите за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на југозападниот регион МЕПСО во октомври ја мореднизираше високонапонската опрема во трансформаторската станица „Струга“. При тоа беа заменети прекинувачи и мерни трансформатори.


МЕПСО ќе ги продолжи активностите за модернизација на трафостаниците од преносната мрежа и во 2018 година. 
Објавена на: 11/17/2017 2:09:44 PM