Испрати по е-пошта

Правила за учество на годишни и месечни аукции за 2018 година

Правилата за учество на Годишна аукција на (македонско – српска и македонско – бугарска) граница се објавени на следниот линк: https://aukcijaatc.mepso.com.mk/PublicPage/AuctionRules.aspx 

Ве молиме Веднаш да пристапите кон регистрација, односно потпишување Договор за учество на годишни и месечни аукции со АД МЕПСО. 

За да поднесете барање за учество на годишни и месечни аукции потребно е најпрво да бидете учесник на пазарот на електрична енергија во Македонија. 

Документи кои се потребни да ги донесете:

•Annex 1: Registration Form” и Annex 1 - Attachment 1 во 3 оригинални примероци;

• Оригинал или нотарски заверена копија од извод од трговскиот регистар не постар од три месеци од датумот на издавање (на македонски, српски или официјално преведен на англиски јазик) – тековна состојба;


За секоја поединечна граница се потпишува посебен Договор. Односно доколку сакате да учествувате на аукциите на двете граници (македонско – српска и македонско – бугарска), потребно е да имате по еден договори за секоја поединечна граница.
Објавена на: 11/14/2017 12:27:04 PM