Испрати по е-пошта

МЕПСО доби нови членови на Надзорниот и на Управниот одбор

Новиот Надзорен одбор на МЕПСО со состав: претседател Ева Шуклева и членови Снежана Чундева, Назиф Буши, Николче Ацевски, Даме Коруновски и Трајче Черепналковски назначи членови на Управниот одбор на компанијата.
Претседател на Управниот одбор и генерален директор на МЕПСО е Сашо Василевски, а членови се: Борко Алексоски директор на подружницата Оператор на електропреносен систем, Сашо Стефановски директор на подружницата Оператор на преносна мрежа, Симон Шутиноски е директор на Операторот на пазар за електрична енергија, Д-р Ненад Крстевски е директор на Секторот за правни и општи работи, а Томи Божиновски е директор на Секторот за информатички технологии и телекомуникации.
Објавена на: 8/10/2017 2:45:02 PM