Испрати по е-пошта

Презентација: Пазар на електрична енергија во 2016 година и планови за развоj


Претставници на Операторот на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ), подружница во МЕПСО надлежна да го организира пазарот на електрична енергија, вчера (08.05.2017 г.) година одржаa работен состанок со претставници на повеќе од 40 компании кои се регистрирани учесници на пазарот на електрична енергија (трговци, снабдувачи, потрошувачи, производители). На состанокот беше презентирана состојбата на пазарот на електрична енергија во Република Македонија во 2016 година, актуелни случувања на пазарот и планови за развој. Се дискутираше на следниве теми: пазарот на електрична енергија во 2016 година, виртуелни производители на електрична енергија, следни чекори на либерализација, воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија.

На следниот линк може да ја погледнете презентација : Пазар на електрична енергија во 2016 година и планови за развој
Објавена на: 5/9/2017 11:30:14 AM