Испрати по е-пошта

Концепти за развој на преносната мрежа во одделни региони за долгорочен период

КОНЦЕПТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА ВО ОДДЕЛНИ РЕГИОНИ ЗА ДОЛГОРОЧЕН ПЕРИОД

Планирањето на електроенергетскиот и преносниот систем е континуиран процес на анализа, креирање на техно-економски оптимизирани решенија и развојни варијанти кои го детерминираат квалитетот на пренос и испорака на електричната енергија. Планот за развојот на преносната мрежа на РМ во периодот од 2020 до 2040 година е направен со користење на повеќе сценариски пристап, за да се обезбеди максимална проверка на сигурноста на ЕЕС на РМ. Сите спроведени анализи земаат предвид: две сценарија на пораст на потрошувачката (повисока и пониска стапка), планови за изградба на нови електрични централи, излегувањето од работа на постоечките електрични централи и приклучокот на нови дистрибутивни и директни потрошувачи.
Преку варијанти на сценаријата, анализирани се следните работни состојби: без придонесот на електричните централи во активната регулација на напоните, максимално летно оптоварување, сува и влажна хидрологија, влијание на изградбата на електричните централи на дистрибутивната мрежа, можностите за евакуација на производството на ВЕЦ, зависност на развојот на преносната мрежа од динамиката на приклучоците на нови директни потрошувачи и слично.
Користената методологија за планирање на развојот на преносната мрежа на РМ, во потполност е во согласност со Мрежните правила и ENTSO-E правилата. Таа методологија, освен изработката на класичните детерминистички анализи (текови на моќности, N-1 анализата на сигурност), предвидува и изработка на соодветни економско – финансиски анализи, со цел инвестициите да бидат техничко – економски оптимални. 
Концептот на развојот на преносната мрежа е базиран на регионалниот пристап, на тој начин што за секој од шесте региони во РМ детално е прикажан преку 4 глави, од кои секоја анализира одреден временски пресек (2020, 2025, 2030 и 2040 година). На крајот од секоја од овие глави (години), на кратко се опишани резултатите и графички се прикажани планираните објекти за изградба во преносната мрежа, како и предложената дополнителна изградба/зафати во преносната мрежа кои се потребни за обезбедување на сигурноста на системот (текови на моќности, N-1 анализата на сигурност).
Студијата може да ја преземете на следниов линк
Објавена на: 5/8/2017 2:36:56 PM