Испрати по е-пошта

Студија за проценка на вкупните трошоци за интегрирање на ОИЕ во ЕЕС на Македонија


   Ограничувањата на инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија се воведуваат со цел да не се наруши работата на електроенергетскиот систем на Република Македонија. Основните технички ограничувања за интеграција на ОИЕ во преносната мрежа се во обезбедување на системските резерви и проблемите со урамнотежување на промените на производството и потрошувачката во електроенергетскиот систем. Од економски аспект, при одредување на тарифите и квотите за повластените производители од ОИЕ треба да се имаат предвид дополнителните трошоци што потрошувачите ќе треба да ги платат за обезбедување на средствата за поддршка. 
Студија за проценка на вкупните трошоци за интегрирање на ОИЕ во ЕЕС на Македонија дава осврт на техничките и финансиските импликации од инсталирање на ОИЕ во македонскиот електроенергетски систем. Акцентот е ставен на ветерните (ВЕЦ) и фотонапонските електрични централи (ФНЕЦ) поради непредвидливиот карактер на нивното производство и потенцијалните инсталирани капацитети. Интеграцијата на ОИЕ во Република Македонија е согледана во однос на:

– Идентификација на различните типови на ОИЕ (локации, инсталирани капацитети) кои се користат или ќе се користат во Република Македонија, со акцент на ВЕЦ и ФНЕЦ;

– Проценка на очекуваните промени во производството на електричните централи на ОИЕ на годишно, сезонско, дневно и часовно ниво;

– Проценка на влијанието на ОИЕ врз потрошувачката на електрична енергија и оптоварувањата разгледувани од ниво на системот во целина и преносната мрeжа;

– Анализа на сегашните и проценка на идните повластени цени за ОИЕ;

– Анализа на можните технички ограничувања во работата на преносната мрежа заради интеграцијата на ОИЕ;

– Проценка на потребните помошни услуги во рамките на електроенергетскиот систем при различни нивоа на интеграција на ОИЕ;

– Проценка на вкупните трошоци за интеграција електричните централи на ОИЕ, заедно и поединечно за секој тип (ВЕЦ и ФНЕЦ);


Студија за проценка на вкупните трошоци за интегрирање на ОИЕ во ЕЕС на Македонија може да ја превземете на следниот линк 
Објавена на: 5/3/2017 12:58:43 PM