Интерконективен надземен вод 400 kV Битола (Македонија) – Елбасан (Албанија) претставува последниот дел од реализацијата на коридорот 8во контекст на создавање коридор исток - запад за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Италија.Во склоп на интерконекцијата се предвидува изградба на нова 400/110 kV трафостаница во охридско - струшкиот регион со која би се надминале проблемите кои постојат во југо - западниот дел од преносната мрежа.
Проектот 400 kV интерконекција Битола (Р.Македонија) – Елбасан (Р.Албанија) е еден од трите проекти од Југоисточна Европа за кои е покажан интерес од заедницата на донатори/финансиери на енергетски проекти од Европската комисија (донатори/финансиери кои ја финансираат ИПА повеќекорисничката програма во која е воспоставен нов инструмент за поддршка на економскиот развој во регионот - инвестициска рамка на Западен Балкан(WBIF)). На Управен комитет на WBIF е одобрена донација за изработка на Студија за оправданости, Студија за ОВЖСза проектот 400 kVинтерконекција Битола (Македонија) – Елбасан (Албанија). Проектот именуван како WB4bis-REG-ENE-01 ќе биде спроеведен од страна на конзорциум од меѓународни експерти предводени од COWI (Данска), а донатори/финансиери на овој проект се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и KfW.
План за вклучување заинтересирани страни СЕП - ОВЗС - 400 kV ДВ Битола - мак./алб. граница