Испрати по е-пошта

Софтверска алатка за Алокација на прекугранични преносни капацитети

АД МЕПСО набави софтверски пакет за аукција за прекугранични преносни капацитети.

Преку линкот https://aukcijaatc.mepso.com.mk можете да пристапите на електронската платформа за организација на електронска аукција за алокација 
За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на презентација на софтверската алатка за Алокација на прекугранични капацитети во четврток 14,06,2012 година во 12:30 часот.

На презентацијата ќе Ви биде доставен токен со електронски сертификат, кој ќе се додели согласно Упатството за добивање на дигитален сертификат.

На веб страната на АД МЕПСО се објавени:

УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ ЗА РАБОТА СО КОРИСНИЧКИОТ ДЕЛ СО АПЛИКАЦИЈАТА АУКЦИЈА НА ПРЕКУГРАНИЧНИ КАПАЦИТЕТИ

УПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА АУКЦИЈА НА ПРЕКУГРАНИЧНИ КАПАЦИТЕТИ

Почнивајќи од 15.08.2012 година (ден за доставување на понуди за месечна аукција за Септември 2012), доставувањето на понудите за годишните, месечните и неделните аукции ќе се спроведуваат исклучиво со користење на софтверската алатка за алокација на прекугранични преносни капацитети преку
линкот https://aukcijaatc.mepso.com.mk., освен во случај на нерасположивост на софтверската алатка.

Во случај на  нерасположивост на софтверската алатка, АД МЕПСО навремено ќе ги извести Учесниците кои имаат право да учествуваат во
процесот на доделување на прекугранични преносни капацитети преку електронска пошта (е-mail) и аукцијата ќе се спроведе со доставување на
понудите по факс согласно Привремени Правила за доделување на прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на
Република Македонија на месечно и неделно ниво
(линк),

Финалната верзија на текстот на Упатството за корисници за работа со корисничкиот дел и Упатство за добивање на дигитален сертификат и официјалната примена на софтверската алатка, ќе бидат објавени на веб страната на АД МЕПСО.
 
АД МЕПСО