Испрати по е-пошта

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2008 И ISO 14001:2004, НА АД МЕПСО

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2008 И ISO 14001:2004, НА АД МЕПСО

АД МЕПСО има имплементиран Систем за управување со квалитет, врз основа на принципите на меѓународниот стандард ISO 9001:2008 ,како и имплементиран Систем за управување со заштитата на животната средина, врз основа на принципите на меѓународниот стандард ISO 14001:2004.

На 21. и 22.02.2012 год. во АД МЕПСО беше спроведена сертификациска проверка од страна на акредитираното сертификациско тело “Биро Веритас“ – подружница Љубљана, на која АД МЕПСО се стекна со ISO 9001:2008 сертификат и ISO 14001:2004 сертификат .

Сертификатот за ISO 9001:2008 е со валидност од 13.03.2012год. до 12.03.2015 год. , а сертификацискиот број е :SL18415Q ;

Сертификатот за ISO 14001:2004 е со валидност од 28.03.2012год. до 27.03.2015 год. , а сертификацискиот број е :SL18480E ;

Опсегот на сертификацијата е пренос на електрична енергија, управување на електроенергетскиот систем на Република Македонија и организирање и управување со пазарот на електрична енергија;

АД МЕПСО се гордее што стана дел од групацијата компании кои имаат сертифицирани Системи за управување со квалитет и заштита на животната средина според барањата на стандардите ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 и со уште поголема посветеност продолжува да ги одржува и подобрува своите Системи.

АД МЕПСО известува дека активно работи на имплементирање на Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа според принципите на OHSAS 18001, a се подготвува да ги имплементира општите барања за компетентност на своите лаборатории за испитување и калибрација, според принципите на ISO 17025:2005.