Испрати по е-пошта

Аукции на прекугранични преносни капацитети


Аукции за 2017 година


Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети за 2017 година

Правила за доделување прекугранични преносни капацитети „Службен весник на РМ“ (195/2016)

Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети по граници за 2017 година

МЕПСО ги донесe “Правилата за доделување на прeкугранични преносни капацитети” за 2017 година и истите по одобрувањето од страна на РКЕ ги објави во Службен весник бр. 195/2016. Согласно овие правила МЕПСО ги донесе Правилата за доделување на прекугранични капацитети на следниве граници со соседните оператори на преносни системи:

MEPSO – IPTO (ADMIE)
MEPSO – EMS
MEPSO – ESO

Правила за доделување на прекугранични капацитети на MEPSO-ESO   и MEPSO-EMS граница

Ве информираме дека Правилата на границите: MEPSO – EMS и MEPSO – ESO, се во фаза на одобрување од страна на РКЕ, а ќе стапат на сила откако РКЕ истите ќе ги одобри. 
Поради кратките рокови и обврската на учесниците на пазарот на електрична енергија да ги преземат сите потребни активности за учество во процесот на доделување на прекуграничните преносни капацитети на горенаведените граници за 2017 година, АД МЕПСО ги објави овие Правила на следните линкови:



Правила за доделување на прекуграничните преносни капацитети на границата помеѓу MEPSO – EMS

Правила за доделување на прекуграничните преносни капацитети на границата помеѓу MEPSO – ESO


Правила за доделување на прекугранични капацитети на MEPSO – IPTO (ADMIE) граница

Согласно Правилата за доделување на прeкугранични преносни капацитети” за 2017 година објавени во Службен весник бр. 195/2016, Регулаторната комисија за енергетика на својата седница одржана на 31.10. 2016 година ги одобри Правилата за доделување на прекугранични капацитети на MEPSO – IPTO (ADMIE) граница кои се применуваат од Канцеларијата за координирана аукција на Југоисточна Европа В 1.4 ( Auction rules V1.4 – SEE CAO).
Поради кратките рокови учесниците на пазарот на електрична енергија потребно е да ги преземат сите активности за учество во процесот на доделување на прекуграничните преносни капацитети на MEPSO – IPTO (ADMIE ) границата за 2017 година. Правилата за доделување на прекуграничните преносни капацитети на границата помеѓу MEPSO – IPTO (ADMIE) се објавени на следниот линк: 

Правила за доделување на прекуграничните преносни капацитети на границата помеѓу MEPSO – IPTO (ADMIE)


Аукции за 2016 година

АД МЕПСО, лиценциран оператор на преносната електро-енерегетска мрежа и во рамки на можностите организира аукции за алокација на расположиви прекугранични преносни капацитети. Во прилог се ставени на располагање сите информации, формулари и параметри за целосно информирање на сите учесници на пазарот и јавноста.

Далекуводни преносни капацитети предмет на аукциите се:

Р. Македонија и Р.Србија  ( 400 kV ДВ ТС Скопје 5 - ТС Косово Б)
Р. Македонија и Р.Бугарија ( 400 kV ДВ ТС Дуброво – ТС Ч. Могила)
Р. Македонија и Р.Грција ( 400 kV ДВ ТС Дуброво - ТС Солун и ТС Битола – ТС Лерин)

Врз основа на член 70 од Законот за енергетика (“Службен весник на Република Македонија” бр. 16/2011) и врз основа на член 19, точка 18 од Статутот, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична  енергија  и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост “МЕПСО”, со одлука на УО бр. 02-6277/13 од 14,07,2011 година и со решение од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр. 02-1004/1 од 21.07.2011  година за одобрување на Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети,  донесе Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети, објавени во Сл.весник бр. 105 од 01.08.2011 година.

Согласно член 11 и член 12 од Правилата за доделување на прекугранични преносни капацитети, АД МЕПСО со одлука на УО бр. 02-6799 од 04.08.2011 и решение за одобрение бр. 02-1154/1 од 01.09.2011 година од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, донесе:

Привремени Правила за доделување на прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија на годишно ниво

Привремени Правила за доделување на прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија на месечно и неделно ниво

Овие правила стапуваат на сила од денот на објавубвање на web страната на АД МЕПСО (02.09.2011 година), а ќе отпочнат да се применуваат за месечната аукција за октомврври 2011 година и за неделните аукции за месец октомври 2011 година.

Почнивајќи од 15.08.2012 година (ден за доставување на понуди за месечна аукција за Септември 2012), доставувањето на понудите за годишните, месечните и неделните аукции ќе се спроведуваат исклучиво со користење на софтверската алатка за алокација на прекугранични преносни капацитети преку линкот https://aukcijaatc.mepso.com.mk , освен во случај на нерасположивост на софтверската алатка.

Во случај на  нерасположивост на софтверската алатка, АД МЕПСО навремено ќе ги извести Учесниците кои имаат право да учествуваат во процесот на доделување на прекугранични преносни капацитети преку електронска пошта (е-mail) и аукцијата ќе се спроведе со доставување на понудите по факс согласно Привремени Правила за доделување на прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија на месечно и неделно ниво,

Користењето на софтверската алатка е согласно УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ ЗА РАБОТА СО КОРИСНИЧКИОТ ДЕЛ СО АПЛИКАЦИЈАТА АУКЦИЈА НА ПРЕКУГРАНИЧНИ КАПАЦИТЕТИ.

УПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА АУКЦИЈА НА
ПРЕКУГРАНИЧНИ КАПАЦИТЕТИ


За дополнителни информации, Ви стоиме на располагање
Лица за контакт



Согласно одлуката на Бордот на директори, поради јавна консултација Project Team Company SEE CAO објави драфт верзија на Аукциските Правила. Истите можат да се погледнат на следниот линк  http://seecao.com/documents