АД МЕПСО постојано врши оптимизација на своите капацитети и ресурси со што ќе го обезбеди врвниот јавен интерес.
АД МЕПСО постојано врши оптимизација на своите капацитети и ресурси со што ќе го обезбеди врвниот јавен интерес: навремен и стабилен пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, а воедно да обезбедува управување со доверлив и стабилен електро-енергетски систем. За обезбедување на оптимален проток на енергија и за доверлива работа на електроенергетскиот систем АД МЕПСО стратешки планира и спроведува инвестиции во својата електро-енергетска мрежа со што постојано се зголемува и подобрува доверливоста и оперативноста на електро-енергесткиот систем.
Вредности кон кои се стремиме:
- Транспарентна работа на компанијата;
- Квалитетен јавен сервис за сите корисници и за граѓаните воопшто;
- Оптимизација на сите ресурси;
- Задоволни клиенти;
- Заштита на животната средина;
- Креирање препознатлив имиџ на општествено одговорна компанија која спроведува јавен интерес: пренос на електрична енергија и управување со електро-енергетскиот систем на Република Македонија;