Испрати по е-пошта

Трансформаторски станици

Преносната мрежа со која управува и ја одржува МЕПСО интегрира повеќе од 50 трансформаторски станици ширум земјава. Од нив 14 се во сопственост на МЕПСО, а другите се во заедничка сопственост со компаниите ДСО-а. Одржувањето, модернизацијата и надградбата на опремата се во делокруг на активностите на следниве оддели:

Оддел за техничка контрола, одржување и испитување трансформаторски станици


Дејноста на Одделот за техничка контрола, одржување и, испитување на трансформаторски станици ја извршуваат следниве служби и тоа:
  • Служба за одржување на трансформаторски станици
  • Служба за изолациски материјали
  • Служба за испитување
  • Служба за AC/DC системи и секундарни врски


Оддел за трансформаторски станици

Работата на Одделот за трансформаторски станици е организирана во делување на следниве служби:
  • Служба за погонско - технички работи во чиј состав работат: градежна група, група за погонско-технички работи Охрид
  • Служба за експлоатација
  • Регионален центар „Скопје“
  • Регионален центар „Неготино“
  • Регионален центар „Битола“
  • Регионален центрар „Штип“
  • Регионален центар „Тетово“
  • Регионален центар „Охрид“

За да се обезбедат барањата за континуиран и квалитетен пренос на електричната енергија, истовремено обезбедувајќи висока доверливост во работата на ЕЕС, потребно е постојано одржување на објектите од ЕЕС согласно усвоените стандарди, градење, доградување и развивање на мрежата согласно зголемените потреби за пренос на електрична енергија.

 Активностите на слуужбите во рамки на Одделот  за трансформаторски станици обединуваат широк спектар активности кои произлегуваат од годишниот план за одржување на електронергетските постројки:


  • Планирани активности – ремонти и ревизии на примарната и секундарната опрема, помошните погони и градежните објекти во трафостаниците и
  • Непланирани активности – интервенции на опремата по констатирани недостатоци или дефекти;
  • Замена на опрема со цел осовременување и модернизирање на постројките;
  • Изготвување годишен план за потребите од резервни делови, опрема и услуги за одржување на електронергетските постројки;
  • Изготвување подготвителни постапки за набавка на опрема, резервни делови и услуги;
  • Следење на најновите достигнувања од делокругот на одржување на постројките;
  • Изготвување на извештаи за извршени работи и водење на статистички прегледи за поединечни делови од опремата;

  • редовни дневни визуелни контроли на опремата во трафостаниците;
  • неделни активности за контрола и проба на исправноста на работење на опремата;
  • месечни испитувања на опремата согласно упатствата за работа со поедините елементи од опремата;
  • Неделни и месечни извештаи за настаните во електроенергетската мрежа;
  • Подготвителни постапки за набавка на опрема, резервни делови и услуги;
  • нормално функционирање опремата;
  • планирање на замена на делови и опрема;
  • детектирање и отстранување дефекти на опремата
  • следење на најновите достигнувања во развојот на мерната опрема, техники и стандарди за испитување на опремата;
  • подготовка на постапки за набавка на опрема согласно потребите;