Испрати по е-пошта

Оддел за далекуводи

Одделот за далекуводи е составен од :

  Одделение за подготовка на далекуводи
  Служба за одржување на далекуводи во чиј состав се:
  • Далекуводна екипа Скопје;
  • Далекуводна екипа Битола;
  • Далекуводна екипа Штип;
  • Далекуводна екипа Охрид;
  • Одделение за мерење;
  Служба за одржување далекуводни коридори

Одделот за далекуводи е одговорен за функционалноста на преносната мрежа во Македонија. Оваа организациска единица одржува повеќе од 2.000 километри далекуводна преносна мрежа со која оперира МЕПСО. За реализација на овие надлежности одделот е организиран во две служби и едно одделение. Екипите се составени од стручни лица оспособени квалитетно да ја одржуваат далекуводната мрежа. Нивните задачи се состојат од редовни прегледи на мрежата, а врз основа на резултатите од прегледите следуваат ревизии на далеководите на кои се поправа и става во функција се што е утврдено како недостаток при редовниот преглед.

Далекуводните екипи интервенираат кога има дефекти, а нивните членови се обучени во најкраток рок да интервенираат и да ги отстранат дефектите кои можат да настанат од атмосферски влијанија, претовар на мрежата или други непредвидливи негативни влијанија. Прегледите се вршат два пати годишно напролет и наесен. По прегледите следуваат пролетни и есенски ревизии.