Работата на ОПМ е организирана во пет оддели
Согласно лиценцата издадена од Регулаторната комисијата за енергетика во АД
МЕПСО е основана подружница Оператор на преносна мрежа (ОПМ). Оваа
подружница е најголема целина по обем на работа и број на вработени во составот
на АД МЕПСО.

ОПМ се грижи за оперативноста и функционалноста на повеќе од 2.100 километри преносна мрежа и за 148 енергетски трансформатори со инсталирана моќност од
6.417 (MVA) инсталирани во повеќе од 50 трансформаторски станици.