Испрати по е-пошта

За ОПЕЕ

АД МЕПСО ја доби и лиценцата за организирање и управување
Од Регулаторната комисија за енергетика на Р. Македонија АД МЕПСО ја доби и лиценцата за организирање и управување со Пазарот на електрична енергија
Од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија АД МЕПСО ја доби и лиценцата за организирање и управување со Пазарот на електрична енергија.

НОВО! Пазар на електрична енергија во 2016 година и планови за развој

Предадена електрична енергија јануари - декември 2016 година (пита)

Предадена електрична енергија јануари - декември 2016 година (графикон)



Краток опис на надлежностите на ОПЕЕ

    • Организација на пазарот на електрична енергија;
    • Воспоставување, организирање и контрола на тргувањето со моќност, електрична енергија и системски услуги, вклучувајќи го и прекуграничното тргување;
    • Краткорочна прогноза (неделна, дневна и часовна) на потребите од електрична енергија;
    • Постапка за порамнување на договорените и остварените трансакции врз основа на мерењата направени од страна на операторот на електро-енергетскиот систем;
    • Следење на состојбите и појавите на пазарот на електрична енергија со цел за спречување на неконкурентни однесувања;
    • Механизам за барање и добивање информации од други вршители на дејности за развојот на конкурентските односи на пазарот;
    • Оперативно работата ја врши Службата за организирање и управување со пазар на електрична енергија или ОПЕЕ. Таа кадровски е екипирана со раководител и инженери за пазарни операции;



Досега во делокругот на работа ОПЕЕ најмногу се концентрираше на:

    • Воспоставување на заемна соработка помеѓу трговците со електрична енергија и Операторот на пазар на електрична енергија како и дефинирање на правила и процедури за исполнување на претходно наведената законска обврска на трговците;
    • Склучување на договори со квалификуваните потрошувачи за урамнотежување на отстапувањата на неделно ниво и спроведување на обврските согласно тие договори;
    • ОПЕЕ ги изготви првите Пазарни правила за пазарот на електрична енергија кои го уредуваат работењето на пазарот на електрична енергија во Република Македонија;
    • Склучување на договори за отстапување од физичките номинации со трговците на електрична енергија;
    • Прибирање на информации за потребите од увоз на електрична енергија на ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и квалификуваните потрошувачи, (месечно и неделно), за потребите на ОЕЕС за пресметка на расположливи преносни капацитети (ATC) како и за свои потреби за планирање и извршување на сите тековни задачи;