Испрати по е-пошта

За нас

Македонски електропреносен систем оператор
А.Д. МЕПСО од Регулаторната комисија за енергетика доби две лиценци
МЕПСО (Македонски електропреносен систем оператор) е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на МЕПСО е непречен пренос на електричната енергија низ високонапонската мрежа и редовен и навремен ток на електрична енергија до своите клиенти: директните потрошувачи (Бучим, ОКТА, Макстил, Арчелор Митал, Југохром Фероалојс, Скопски легури, Фени Индустри, Македонски Железници) и до дистрибутивните мрежи на ЕВН Македонија и на ЕЛЕМ Енергетика.
 
Двете клучни функции на МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. МЕПСО е одговорен за редовен пренос на електрична енергија од македонската граница до дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија или до наброените директни потрошувачи. МЕПСО го организира и диспечира и транзитот на електрична енергија, а воедно се грижи за балансирање на електроенергетскиот систем. Во рамки на МЕПСО  функционира и Подружница - Оператор на пазарот на електрична енергија, лиценциран да го  организира, евидентира и контролира тргувањето со моќност и со електрична енергија во земјава.
За својата работа МЕПСО наплаќа тарифа за пренос на електрична енергија која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика врз основа на трошоците на МЕПСО. Нашата компанија функционира на регулиран пазар и врши јавен сервис за граѓаните и за македонската економија.
 
МЕПСО управува со високонапонската далноводна мрежа и трафостаниците на 400 kV и 110 kV напонско ниво. МЕПСО оперира со: далноводи со вкупна должина од 2.021 километри, во која се вмрежени повеќе од 50 трансформаторски станици во кои функционираат  трансформатори со инсталирана моќност од 6.417 мегаволт-ампери (MVA). МЕПСО вработува повеќе од 400 лица.

Структурално МЕПСО е организиран во дирекција, три подружници и три сектори.

1. Подружница ОЕПС – Оператор на електропреносени систем и нејзина задача е да го управува системот и да обезбеди хармоничен однос меѓу потрошувачите и производителите на електрична енергија (домашно производство и увоз).

2. Подружница ОПМ – Оператор на преносна мрежа и нејзина задача е да се грижи далноводите, трафостаниците и трансформаторите и другите постројки да бидат во беспрекорна состојба која овозможува редовeн и навремен ток на електричната енергија.

3. Подружница ОПЕЕ - Оператор на пазар на електрична енергија задложена за организација на Пазарот на електрична енергија во Републбика Македонија


За логистичка поддршка на трите подружници во структурата на МЕПСО фукционираат и Секторот за Информатичка технологија и за Телекомуникации, Секторот за правни и општи работи и Секторот за финансиски работи